Нашето македонско општество конечно пропадна затоа што престана да се надева на подобро тогаш кога луѓето ги изгубија сите обзири, и се’ стана возможно.
Се’ што беше во хибернација создадена од насилничката пропаганда, сега се буди, открива, маршира и протестира ширум Македонија. Национализмот на Груевски немаше да биде возможен ако знаеја да воспостават чест, лојалност и држење до дадениот збор. Се’ тоа – благодарение на груевизмот – го нема, или е крајно ретко, а заклучокот го базирам на основа што самиот збор „чест” практично излезе од употреба.
Два пати, во овие десет години сум тужен, еднаш посредно, а еднаш непосредно, како и десетици пати клеветен и хушкан јавно од груевистичката пропаганда, прво заради „големата муцка” и второ, затоа што бев ставен во бубањот, како во лотариjска томбола – за разгорување на пропагандно гориво заедно со стотици други луѓе кои не се сложуваа со власта. Таквите кои не’ тужеа, кои не’ влечкаа по судови и разни лавиринти, побараа заштита од државата, а во своите тегобни тужби не спомнуваа „тужен за увреда на честа”, туку зборуваа за „душевна болка”.
На таквите типови државата (и државните судови) секогаш и редовно им излегуваа во пресрет, затоа што денес Македонија е направена по мерка на такви. И заради тоа – исто така заслужено – Македонија комплетно пропадна. Пропадна затоа што национализмот и националната држава општиот тон им го дава општествениот талог; на годишнина, или помен, само како пример, на Македонија нема да и’ падне на памет Славко Јаневски, ами Никола Груевски. Да биде уште поцрно и полошо, тука нема никаква неправда, Груевски и груевизмот се реалност во денешна Македонија, Славко Јаневски тука му доаѓа како исклучок.
Груевизам значи што? Гнасно провоцирање, злоба, себичност, насилство, таквите карактеристики упропастуваат се’, па дури и најдобрите идеи.
Токму поради тоа – заради сеприсутниот груевизам – во Македонија се раѓа ново „сонце на слободата“, феноменална енергија која мора да издржи до својата конечна цел, а таа во својата бит мора да роди нешто убаво кое ќе трае и ќе се темели на цврсти политички вредости.
Не велам воопшто дека Славко Јаневски и Никола Груевски имаат некаква сличност; напротив, големиот Јаневски e голема книжевна величина од која генерации ќе го исчитуваат неговото важно творештво, туку сакам да кажам дека кога еден премиер олицетворен во Никола Груевски, ужасно лошо образoван, со бедна биографија, ќе удри да ги лустрира нашите најголеми имиња, човек сфаќа дека приказната за Македонија попримила прилично бизарни и морбидни сфаќања за тоа што е правна, а што демократска држава, и дека луѓето лесно ќе се уништуваат, барем оние кои се живи, само како тиранинот би опстоил што повеќе на власт. Не велам дека во Македонија владее култ на читање, знаат луѓето кој е Славко Јаневски, но уште повеќе знаат кој е и што е Никола Груевски. Го поддржаа и гласаа сличните на него, затоа што размислуваат како него и што насилството и лоповлукот им беше претставено како легитимна работа.
Да бидеме фер до крај, Никола Груевски го донесоа на власт таканаречените интелектуалци, или таканареченото „универзитетско“ и „граѓанско“ Скопје – немојте сега да се зачудите – најназадниот слој во Македонија. Не сакам да спомнувам имиња – не стравувам од тужби, туку веќе ми е мачнина – измеѓу огромното мнозинство такви, површно сензибилизирани, површно Европски дилбери, освен во настапот и терминологијата, никаква суштинска разлика нема со Груевски. Тоа е таканаречената „национална интелегенција”, со своите фамилии, конкубини и своја клиентела, амбициозни „муфљузи” стигнати од разни места и општини. Тука, во тие општини и безбожни слави, се негува и црпи малограѓанскиот и „секојдневен фашизам” (Еко) на груевизмот и бруталност до исцрпување за „сите оние кои не се како нас”. Aко добро паметам, Груевски беше некаков економист, оперативец, човек кој имаше едноставни решенија од економска природа, заслужен за некакви математички проценки во државната економија; луѓето се пофатија на парите, смената на влас и можното остварување на нивните национални соништа, обесправената Македонија итн., па ако заебе, како што заеба, се’ ќе се скрши на негова глава, како што се крши и натаму ќе се крши.
Заради тоа, со извесна носталгија размислувам и се надевам дека во Македонија можно е да се држи до личниот интегритет и кога Германецот, рускиот генерал, во борба против Германија, односно фашизмоти ќе се борат за идеалот на демократија и правда која мора да заживее и после протестите, а не да биде омразена заради Републиката или „републиканството”, мора да заживее затоа што граѓанинот, индивидуата мора да разбере дека дојде време да престане да биде лојален на еден човек, на еден крал. Не е тој ништо подобар од мене, така резонира нашата „национална интелегенција“, а во таквото резонирање не приметуваат дека се, наместо на тираниот, лојални на сурија од тешко замисливи пропалици и криминалци.
Верувам дека протестите во Македонија не’ не носат на таквиот пат. верувам дека нема да се појави нов тиранин кој ќе го искористи денешниот пркос и револт. Затоа што Македонија и граѓанинот во неа заслужува да се надева на подобро.
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


