Letter to Peter Vanhoutte

Пред да отпочниме да работиме по извештајот на Прибе што е најнормална ситуација далеку по нормална од ова што секој ден не убедуваат од владеачката партија ,би сакал еве јавно да напишам неколку предлози до тебе за да би можел ситуацијата во Македонија разбереш полесно. Јас сум од оние кои инсистираат неколку законски решенија да се вградат во македонскиот устав да не би дошла олкава партизација и кроупција од парламентарните партии. Потребни се механизми кои би превенирале ситуации како денешната.Сметам дека ЕУ и УСА би биле одлични гаранти за ваквите решенија.Посебно што на некакви нови избори во иднина ,овие решенија би биле укинати од некакво парламентарно мнозинство или изменети.Е затоа зад овие решенија треба да застанат и ЕУ и УСА.Партиите и лидерите во Македонија сеуште не се зрели за ова сами да го предложат и донесат. Познато од практиката.

1.Претседателот на Земјата да се избира во Парламентот,после парламентарни избори и да е предлог на парламентарната опозиција.

2.Претседателот да наименува членови на Уставниот Суд,Анти-Корупциската комисија,Основен Јавен Обвинител на Македонија,Шеф на Генералштаб на Македонската армија ,Директор на Македонското Разузнување но и двајца заменици директор на тајната служба посебно .Оној дел кои може да злоупотребува технички мерки би бил сама институција за сега која би работела само по налог на Судии и Обвинители и на сите заинтересирани институции (АР,УБК,Г2,ЈО)и би бил под ингеренции на Министерството за Правда.

3.Министерството за Правда би го превзел Организираниот Криминал од МВР како Биро за Истрага каде би биле назначени двајца заменици директори од страна на парламентарната опозиција.

4.Основното јавно Обвинителство би имало и полицајци за специјални истражни дејства од интерес на Јавното Обвинителство

5.Министерството за Внатрешни работи би било Министерство за Јавна Безбедност ,а тајната служба би е се одделила и физички од него.

Без нов почеток и реорганизирајне на овие институции ,а со закон донесен во парламент кои би бил во основ и предложен од ЕУ и УСА ,оваа и ваквите ситуации ќе претставуваат закана секогаш за нашата демократија се до оној момент кога буџетот е најголем работодавач во земјата,а извор на корупција на партиите и лидерите.

Даме Чкатроски

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести