Соопштение од кабинет на дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски:
АХВ дури вчера соопшти дека започнала едукација на сточарите и засегнатите лица во гевгелискиот регион за начинот на заштита и справување со болеста. Мерка која одговорните во АХВ требаше да спроведат уште во 2015 година.
Финансиски средства за набавка на вакцината и спроведувањето на активностите поврзани со сузбивањето на болеста се обезбедени дури на 12.05.2016 година. Оваа може да се види во Сл. Весник на РМ кој е објавен на 12.05.2016 г., каде се објавени измените во Програмата за финансиска поддршка во земјоделието за 2016 година.
Договорот за набавка на вакцините е потпишан дури вчера на 13.05.2016 година. Сеуште не се знае кога ќе биде извршена уплатата и кога ќе пристигне вакцината во Македонија.
Целосен заштитен имунитет животните стекнуваат после третата недела од вакцинирањето. Што да прават сточарите за ова време?
Одговорноста за нестручноста и неодговорноста на поставените партиски кадри се ближи.
Одговорност за задоцнетата реакција и штетите нанесени кон сточарите мора да има!
Одговорност за премногу ниските проценки за обештетување на сточарите мора да има!


