Србија забрани увоз и транспорт на говеда и месо од Македонија

Србија забрани увоз и транспорт на говеда, говедско месо и на пратки од сомнителни животни што доаѓаат од Македонија, Бугарија, Грција и од Турција, поради болеста јазлеста кожа.

Српското министерството за земјодлество ја деонело одлуката на 14 април,како што пренесуваа тамошните медиуми по информацијата од Управата за ветерина, дека има можност болеста да се пренесе и во Србија.

Оттогаш Србија презеде и засилени мерки за спречување или рано откривање на болеста јазлеста кожа.

– Наложени се засилени мерки за контрола на здравствената состојба на животните што стигнуваат во пограничните делови на Србија. Наложено е и да се информираат сопствениците на животни, штом ќе забележат некои од симптомите на болеста, веднаш да ги известат ветеринарните станици. Службите за ветерина се во состојба на зголемена готовност поради растечкиот ризик од внесување заразни болести – соопшти Агенцијата за ветерина на Србија.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести