На висок тон се одвиваше дискусијата меѓу сточарите и Агенцијата за храна и ветеринарство на денешниот состанок во Берово за мерките кои се преземени, за заштита на говедата од болеста јазлеста кожа. Дел од сточарите незадоволни од она што го слушнаа од состанок ја напуштија и салата.
Сточарите добија ветување дека деновиве ќе се изврши дезинсекција во малешевскиот регион, со цел да се спречи ширењето на болеста преку комарците, мувите и мушичките.
Малешевски сточари по состанок со надлежните од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека делумно се задоволни од средбата на која што им беше укажано дека вакцината за превенција се очекува да пристигне по две недели.
Болeста јазлеста кожа се шири во малешевијата до денеска во овој регион се угинати 54, а на државно ниво во 14 општини бројот на ефектирани до денеска е 800 говеда. Од агенцијата за храна и ветиринарство велат дека откако ќе пристигне вакцината прво ќе се вакцинира добитокот во регионите каде што е присутна болеста, а потоа и останати региони. Апелираат сточарите да се придржуиваат на мерките со цел да не се шири болеста во земјава. Инаку преработено и млекото од овие животни не е штетно за здравјето на луѓето.
Извор:Телма


