Останавте маалски Мефистовци, примитивци, кои не мрднаа од калта

Директори на театри во распад…актери, помлади од мене, некои и дупло, сите мои студенти. Па чекорев во Кан, каде играв во филм што доби Златна палма, од Вендерс лично, и играв и збирав награди низ Југославија, за филм и театар, сонував да го менам светот, да им покажам на луѓето дека може инаку, може подобро, може поразлично. Се обидувам сите (лични) таги, болки размислувања, врзани за морбидната транзиција да ги преточам во крик на сцена, на платно, да ги разбудам луѓето од сон, да ги охрабрам, да одат дома и да мислат низ солзи и смеа, за сето она што ги опкружува. Во секоја улога наоѓав нов дел од себе, што ќе го направи тоа, повторно и поинаку од претходниот. Ништо не научивте од таа лекција. Ништо не презедовте од тоа. Останавте маалски Мефистовци, примитивци, кои не мрднаа од калта. Сите шминки и костими што ги имате во кичот од живот нема да го сокријат умреното дете во вас. Па не учевте да станете директори, трупови едни. Требаше менаџмент да завршите за тоа, а не да се изживувате и да мочате врз театарот со вашите актерски фрустрации. Башка што го плукате фду, од каде излеговте и вие. Имате поголеми плати од нашите професори мрсулковци низаедни, а една претстава ви умира за еден месец зашто не ја правите онака како ве учеле, а онака како Грујо ќе ви ја изрежира?! Во цел свет актерите се борат за опстанок одат на аудиции секој ден, а во меѓувреме се келнери или водоводџии. А вие за ништо сте преплатени и земате од устите кои се убиваат од работа. Купени “секнхенд” крпи за бришење стиропор и гипс од лажен барок. Ете што сте вие, директорчињата…

Фејсбук статус на Синоличка Трпкова

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести