Струмичките земјоделци ги блокираа улиците во Струмица, јавува Телма.
Со трактори и механизација излегоа на протест во центарот на градот, изразувајќи го незадоволството од ниските откупните цени, но и лошиот пласман на раноградинарските култури.
Според градинарите, катастрофален е почетокот на сите рани култури почнувајќи од пролетната зелка.
Бараат итна интервенција и ангажираност од ресорното министерство во спротивно, ќе превземат други мерки -блокада на патиштата и уништување на родот.
Раноградинарите велат дека годинашните цени на зеленчукот се најниски во последните десетина години.
Извор: Телма


