Последниве 6 месеци, со влегувањето на опозицијата во Министерството за земјоделство, со интензивната работа и истражуавање на криминалите и злоупотребите на функционерите на Груевски, ми се потврди фактот дека ова министерство е само параван на Никола Груевски за кражбата на земјоделските субвенции. Милиони евра завршувале во џебовите на луѓе и фирми блиски на власта, како Орце Камчев, Кире Шошев, фирмите на Ѕинго, раководители на подрачни единици, Илија Србиновски, или вашиот, Зоран Шалев, потоа пратеници како Весна Пемова и нејзиниот сопруг, градоначалници како Трајче Апашот…сите тие прво добивале државна земјоделска земја која потоа ја пријавувале за субвенции, изјави Ленче Николовска на „Шарената револуција“ во Кавадарци и додаде
-За вас вистинските земјоделци останувале трошки со кои очекуваа да бидете задоволни и да молчите за да не ви бидат и тие ускратени.
Оваа неправда што ви се случувала ја јакнеле со вашите таканаречени, лидери како Аризанов, Тантаров, Шаклев, Милевски, Јаневски…сите тие се соучесници во уништувањето на македонскиот аграр и вас земјоделците. Со нив еднаш за секогаш мора да расчистиме. Имате вие домаќини луѓе, сериозни земјоделци кои можат и треба да ве претставуваат пред институциите на државата. Со такви ваши претставници ќе соработува идната влада.


