Ова е ново заболено стадо од „јазлеста кожа“ во штипско.



Повеќе не се обраќам до АХВ и министерството, затоа што фајде нема. Тие продолжуваат со лагите дека ситуацијата е под контрола и вакцините ЌЕ стигнат.
Сега ги прашувам сточарите ЗОШТО МОЛЧИТЕ? Добро што треба да ви се случи за да кренете глас, да се организирате, да блокирате патишта, да дојдете пред влада?
НИШТО повеќе немате и доста со тој страв дека ќе ви ги укинат субвенциите. Сто пати сум ви кажала, СУБВЕНЦИИТЕ СЕ ДРЖАВНА МЕРКА а не партиска и тие ќе ги имате без разлика кој е на власт. Не ви ги дава ниту еден премиер или министер од џеб, тие пари се ваши, ви следуваат со ЗАКОН!
Вашето молчење е штетно за целокупното сточарство во државата и вие имате одговорност да реагирате и да барате решавање на вашиот проблем од страна на владата.
Фејсбук статус на Ленче Николовска


