Нешто ме потсетува на Ванчо Михајлов со златниците и секретарката во Рим ама за тоа во друга пригода

Драга Македонијо,
Гледам ладно е примена веста дека претседателот на ВМРО ДПМНЕ не се сретна со Г-дин Јоханес Хајндл заради приватни обврски, по признание на неговата партија.

 

Се наметнува прашањето: Дали постои политичар во вкупната историја на независна Македонија што вака грубо и бескрупулозно би занемарил државна обврска заради приватно задоволство? И тоа истиот тој заради кој земјата е во долготрајна политичка криза, на праг на целосна изолација, во време кога Европската унија испраќа човек кој сака да помогне во решавањето на истата?

Дури и да е смртен случај во прашање не би имала разбирање а камо ли за свадби и годишни одмори. Врв на неодговорност, алчност и бесчестие.

Ова само потврдува дека за најголемиот број ВМРО-вци доверената чест да раководиш со држава или со партија, во случајов на власт, не се разбира како обврска од највисок ред и жртва за подобро утре на својата земја туку како шанса за пљчка на државата, за со златниците после да се ужива по белиот свет.

И тоа не само сега туку во историски рамки. Нешто ме потсеќа на Ванчо Михајлов со златниците и секретарката во Рим ама за тоа во друга пригода.

Софија Куновска
фејсбук статус

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести