Не се возбудувајте многу околу обрзницата, седете си спокојно…

Не се возбудувајте многу околу обврзницата. Само е даден мандат на Citigroup, Deutsche Bank, Erste Group и Societe General да организираат серија состаноци со институционални инвеститори кои би биле потенцијални купци.
Инаку, обврзницата би била со рејтинг BB-/BB+, што ја става во категорија на junk bonds, или со други зборови, обврзница што дава повисок принос (“high yield”) во надомест за зголемен ризик во таквите хартии од вредност, што ја прави крајно спекулативна таа инвестиција.
Со други зборови, ризикот од неисполнување обврски (default) од страна на издавачот е многу голем.
Високиот принос значи дека парите што би ги подигнале од тој зафат би биле многу скапи.
Иако не се исклучува можноста да се откупи обврзницата, што ќе зависи од покровителот (underwriter) на емисијата, јас се сомневам дека ќе има голем интерес, во светлина на (не) збиднувањата во Македонија и неизвесноста што сценариото ја нуди.
Институционалните инвеститори, иако не бегаат од ризик, не трпат неизвесност.
Со оваа стока што се уште ги влече конците, варијаблата „војна“ не е неизгледна.
Така што, седете си спокојно.
Ако биде, тоа значи: ќе има избори до крај на годината, а плус и платичка и пензиичка.
На избори ќе ги исклоцаме како непрокопцани пци.
Ако не биде, им го гледаме грбот како исчезнува зад решетките на ќелијата за многу кратко време.
Ете!

Фејсбук статус на Лазар Попов

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести