Се водат уште две истраги за нови злоупотреби на пари од ИПАРД фондови во соработка со Интерпол

Во Македонија се водат уште две истраги за злоупотреба на средства од Европските фондови. Станува збор за пари од ИПАРД програмата а индициите се дека се набавувале стари наместо нови машини. Случаите веќе се во предистражна постапка во скопското јавно обвинителство, а постапката се води во соработка со Интерпол, пренесеТелма.

 

Фабрики и земјоделски комбинати набавувале опрема која не е согласно Европските стандарди, изјави Александар Тргачевски од Управата за финансиска полиција.

Лошото планирање и искористување за средствата од Европските фондови беше причина Европската комисија неодамна да сопре 27,1 милиони евра од ИПА програмата. Државниот секретар на Министерството за финансии, Игор Димитров тврди дека не чул за ваквиот потег на Комисијата иако дел од стопираните пари се однесуваат на проект за управување со јавните финансии.

Немам таква информација, немам информација за кои проекти се стопирани пари, изјави Игор Димитров, државен секретар во Министерството за финансии.

Претставникот на ЕУ ги појасни причините за Брисел да донесе таква одлука, лоша стратегија, лошо планирање и недостиг на политичка волја.

Комисијата ја објасни загриженоста за отсуството на подготвеност за планирање во повеќе сектори, и отуството на политичка волја да се испорачаат потребните реформи. Како резултат на тоа ЕУ ги скрати финансиката помош во 2016 година и одлучи да не продолжи со еден проектСтопирањата од 27 мил евра се во програмскиот дел поради немање реформи и недоволна подготвенсот и капацитет во одредени сектори, изјави Мартин Клауке, претставник на делегацијата на ЕУ во РМ.

Димитров одби да коментира но рече дека искористувањето на средствата е процес во кој институциите сериознио се посветуваат.

Не би коментирал во некои случаи дошло до определен застој, можеби, или до некој проблем што резултирал така но постои посветеност тие средства да се искористат.

Европската комисија минатата недела не го прифати проектот за финансирање на пругата Скопје-Софија со што се скратија уште 69 мил евра од регионалната програма за коридорот 8. Бриселјасно кажа дека е незадоволен од неподготвеноста на институциите да менаџираат со европските пари што може да доведе до одземање на ингеренциите на Владата да менаџира со парите од европската помош. Проектот за превенција и сузбивање на измамите и неправилностите со европските фондови резултира со национална стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во Македонија која треба да биде усвоена од Владата.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести