Опозицијата во техничката влада има механизми да го спречи и контролира трошењето на еврообрзницата за предизборни цели

За обврзницата.
Прво едно појаснување.
Глобалниот пазар на обврзници е 10 пати поголем од глобалниот пазар на акции,односно сите светски берзи за тргување на акции.
Според информациите што ги поседувам при првиот обид за издавање минатиот петок, пред да се пушти писмото на опозицијата,побарувачката за македонската обврзница било значително над 650 милиони евра. Но,собрани се 450 милиони евра со каматна стапка од 5.875 и рок на доспевање од 7 години.
Политичката криза, неформирањето на техничката влада, криминалот, корупцијата, реакцијата на опозицијата, јавноста, придонесоа да бидат собрани помалку средства со повисока каматна стапка.
Глобалниот пазар на обврзници кој е10 пати поголем од глобалниот пазар на акции, односно сите светски берзи за тргување.на акции, овозможува обврзници да издадат и Русија која е под санкции, непризнати територии како Донбас,Израел које под постојана закана за војна и затоа паѓаат во вода тврдењата дека издавањето на обврзницата значи поддршка на власта.
Едноставно, секогаш има купувачи кои се подготвени да ризикуваат и да тргуваат нудејќи ја обрзницата како дел од инвестициското портфолио.
Парите од обврзницата треба да легнат на сметката на НБМ
Од,тука од клучно.значење ќе биде учеството на опозицијата во техничката влада,,која со договорот од Пржино има механизми,,да го спречи и контролира трошењето за предизборни цели
Реалноста е оваа емисија испадна неуспешна во споредба со првичните најави и цели објавени од Владата .

Фејсбук статус на Боби Илиевски

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести