На отворениот телефонски број 143400 сите хумани граѓани со едно јавување преку сите мобилни оператори, можат да донираат по 100 денари за помош за жителите во подрачјата погодени од невремето.
Средства може да се донираат и на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, додека во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8:00 до 18:00 часот може да се предава помош во храна, вода, пелени, средства за хигиена и дезинфекција.
Денеска донации се собираат на следните пунктови:
Скопје:
1. МИТ Универзитет, Центар, City Gallery 10-17 часот
2. Поранешен Жито Лукс, ул Иван Аговски бр 10, Карпош 1
3. Сите основни училишта, општина Аеродром, 8-20 часот
4. ВЕРО центар, од 13 часот
5. НАНО бар во Дебар Маало, секој ден, 8-01 часот
6. Момин Поток
7. ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ 25-ти Мај се наоѓа во Ченто таму е крајниот пункт за предавање на донациите
8. Општина Гази Баба
9. Во ООУ „Гоце Делчев“ Аеродром во Горно Лисиче и Долно Лисиче е отворен пункт за собирање на донациите, 8.8.2016 г. од 8-22ч
10. Пункт за оставање и за подигање донации во Инџиково: кај автобуската кај игралиштето.
11. Хуманитарна организација ” Св. Спас ” – Драчево, Информации на тел. 078/383-743 отец Оливер
12. Кисела вода, пред маркетот Веро, 8-20 часот
13. Krstevski music: 3 члено семејство на 2-3 дена, krstevski _music@yahoo.com i ostavete tel br..
14. Понеделник, 14:00, на големиот паркинг пред Борис Tрајковски
15.Cat Cafe, Карпош 3. Денес и утре од 19 до 24ч
Куманово:
1. Плоштад и пред Дом на културата 08-20 часот
Свети Николе:
1. Штандот се наоѓа во градскиот парк “Александар Серафимов” во Свети Николе. Сите кои се заинтересирани да донираат вода, средства за лична хигиена, облека и слично можат да го сторат тоа од 14 до 20 часот.
Велес:
Пред Панини, 9-21 часот
Битола
О.У “Св. Климент Охридски” понеделник и вторник 9-12 часот
Крушево:
08.08.2016 понедрлник, во Градски парк Крушево од 09:00 до 16:00 часот
Прифатни и дистрибутивни центри за поплавените:
1. Универзитетот ФОН
2. Основно училиште Панче Арсовски
3. Дистрибутивен центар во О.У “25 мај”
4. Хотел “Mega”, ул. Втора македонска бригада…. контакт: 070/518555
Листа на пунктови за помош и линкови за донирање на Google maps.
Од денес во Skopje City Mall ќе биде поставен пункт за собирање на помош за настаданите во стравичните поплави кои викендов го зафатија нашиот град и однесоа повеќе од 20 жртви, многумина беа повредени и многу луѓе останаа без кров на главата. Пунктот ќе биде отворен денес во 15ч. и ќе работи до 22ч, утре и останатите денови ќе функционира секој ден од 10ч. до 22ч.
ЛИСТА НА ПОТРЕБНИ РАБОТИ: • Конзервирана храна, • Вода за пиење, • Вода за пиење, • Средства за хигиена, • Средства за дезинфекција, • Алати • Пунктот е лоциран на самиот влез од страната на ул.МАНАПО (Карпош 3)
Вчера и Сојузот на стопански комори ги повика компаниите да се вклучат во обезбедувањето помош за настраданите.
Поддршка пристигнува и од повеќето општини, како и од државите од соседството.
На социјалните мрежи од синоќа ресторани од Скопје нудат топли оброци за жителите од погодените подрачја, а приватни хотели сместување.
И Универзитетот ФОН се приклучи кон акцијата за бесплатно сместување и згрижување на лицата погодени од елементарната непогода.
Во завчерашното невреме најпогодени беа Сингелиќ, Стајковци, Црешово и Арачиново. Животот го загубија 21 лице, голем број се повредени, а неколку се водат за исчезнати. Причинета е и огромна материјална штета, дворовите и домовите на семејствата во најкритичните подрачја се полни со вода, немаат струја, храна и вода, поради што надлежните институции во соработка со војската и полицијата се постајано на терен за санирање на состојбата.
Од поројните дождови, прекинат е и делот на скопската обиколница пред клучката Стајковци – Црешово наместо по асфалт, на дел од патот се вози по наноси земја. Прекинот ќе трае до целосно расчистување.


