Потребни се волонтери, не слики!

Би бил огромен придонес секој наш напор како родители да им објасниме на децата какво е значењеро на волонтирањето. Што значи да се биде хуман, да се отвори срцето, да се вложи труд и време без надомест,туку за општо добро, за доброто на заедницата.
Да пробаме да им објасниме на децата средношколци и студенти дека покрај спиењето дење, запивањето по цели ноќи, покажувањето на најновите гел нокти и правењето селфија, постојат и други активности кои можат да ги направат среќни нив самите, но и да усреќат цели семејства, да спасат животи.
Еве прилика, да ги научиме децата на вредности што и самите сме ги подзаборавиле, па да имаме вистинска причина чувството на мизерија да го замениме со чувство на гордост.

Фејсбук статус на Ана  Павловска Данева

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести