Ненад Јовановиќ:Насмевка која ќе го промени лицето на македонската политика

Десет години подоцна, работата и понатаму е во насмевката, за почеток. И разликата е: духовна, политичка, човечка – во насмевката; не’ во изнудено кезење, не’ во шашаво урликање, туку во насмевката, во ведрината и леснотијата на слободниот дух. Десет години подоцна, работата и понатаму е (како што инсистира македонската “Левица“): “ако СДСМ и ВМРО се истo“, зошто и’ понатаму добива ВМРО, односно десницата?

Ене го, Никола Груевски се труди, ама не му оди, насмевката не му личи, насмевка оди со каков-таков човечки шарм; Груевски, „патриотскиот мародер“ се мачи, се стега како некаква срамежлива снајка замотана во чоколадна бандерола, ама во јавната комуникација и соочување со конкурентот, бега, се скрива, го издава џмурлестиот табиет, му трепери гласот, видно несреќен и потресен заради неброените неправди кои сите душмани му ги прават. Груевски последен пат се има насмевнато кога требаше да апси и протерува граѓани, а сега не би се насмевнал и кога би можел, оти мисли дека Европската унија неговата насмевка ќе ја протумачи како имплицитно признавање на поразот што му следи на 11-ти декември. Па, сиромавиот, превентивно се  воздржува. Мора да биде суров во погледот, груб во усните и стегнат во вилицата, само како би им покажал на своите бирачи – она тесто за месење – дека се’ уште нешто и некого контролира во оваа држава.

Нашиот вожд – самосожалувачкиот позер Никола Груевски е десет години власт. Меѓутоа, во околниот свет се’ уште течат разни превирања околу изборните политики, луѓето напросто не се живи што им носи денот, а што ноќта, во перманентната борба за нов и “иден“ профил на општествата. Кога се вели “иден“, не мислам на нормален парламентарен мандат; кај нас трајни работи се во прашање. Но, пред да се вратам на Македонија, што значи на двете парадигми, џмурливоста на Груевски и насмевката на Заев, ајде за момент да отидеме во колевката на изборната демократија, во Велика Британија.

Има еден извесен Расел Бренд (како што бива, глумец и комичар; една од оние неподносливи естрадни личности (кој е “познат заради тоа што е познат“), лечен зависник кој се “утрипал“ дека е некаква врста на револуционерен new age месија, па оди наоколу и проповеда пред се’ на млади луѓе да не’ излегуваат на избори, оти, нели, тоа е “револуционерен“ начин за да се променат работите (оти “сите политичари се исти“, се’ се тоа “отуѓени елити“, “трул естаблишмент“ во кој овој блесав и богат џаболебар не припаѓа, итн., итн., знаете, таа приказна од жанрот на претенциозни адолесцентиски ангст комики). Разни хипстери тој опсенар Расел Бренд ги привлече со неговата површна и претенциозна филозофија, ама многу релевантни луѓе одби; за тоа пак, како легендарниот Џони Лајдон (Ротен) татковски го исплука по неговото интелектуално газе, не би сакал да ви детализирам, пронајдете сами, забавно е и поучно. И не само него, туку целата таа имажинерија на револуцијата како хоби на размазени дечишта од британските високи класи… Ама, клучна работа, би рекол, изрече Мишел Хансон во Гардијан: “Има една работа која не сте ја приметиле: десничарите секогаш гласаат. Нив нема да ги видите како се бунат, седејќи дома на софа и брборат кон своите лидери како не се добри – не, Ториевците работат како ќе им се каже“. Па одиме натаму: “Само левичарите се тие кои се бунат, приговараат, одбивајќи да гласаат – и така ги попушуваат изборите – оти оваа или онаа политика, или министер, не е доволно цврст/чесен/јасен/радикален за нив. Се разбира, генерализирам, ама тоа кај нас е сосема доволно да ги упропасти изборите кај левицата“, завршува Мишел Хансон.

Од каде сега Британија и Расел во приказната? Има Македонија премногу вакви Расели кои велат дека треба да се гласа за нешто something completely different. Ете, например за нив, македонската Левица, пар нејасни индивидуи, хипстери и хејтери. Па добро, велите, каде е тука сличноста? На избори, секој оној кој се кандидира, а нема вистински шанси за победа, а притоа одбива да поддржи било кого во вториот круг, свесно или несвесно ги минира изборните резултати. Тој што се однесува така, повторувам, работи свесно или несвесно во корист на десницата. Како? Сега ќе видиме.

Имаше пред само година дена во Хрватска еден тип, еклектична и конфузна појава, “џезираше“ угоре-удолу, делуваше како половина програма да му ја напишал Славој Жижек, а другата половина св. Петар, па земало типчето да меша, па помешало страшен трип, што во некоја мера значи дека идеолошки никаде не припаѓа, или пак припаѓа на онаа “дигитална Хрватска“ која нема баш некаква реална врска со некоја друга, реална Хрватска, апријатни скромни познавања кои ги присобрал од Википедија, а често и низ опскурните патриотски сајтови кои никнуваат како печурки низ балканите преполни со бофл филозофија. Да завршиме со примерот. Вакви блесави типчиња, во некаков иконолошко-симболичен набој кои во себе го носат, луѓе кои инклинираат десно, никогаш за вакви нема да гласаат; нивните гласачи доаѓаат од какво-такво “лево“. Затоа хрватсото типче настапуваше како борец против естаблишментот en general, а всушност на фамозната Колинда не и зема нешто многу гласови, а на Јосиповиќ готово ништо. И да се разбереме, зборувам за втор круг на избори. Со таквиот чин, дечкото en general им пресуди на изборите, ма колку потоа да се одрекуваше (што исто од некаде ни е познато?), без разлика што “за малку“ Колинда го доби Јосиповиќ, или 1.48 разлика, што значи некои “35.000 гласа разлика“. На што не учи оваа лекција? Е, тоа “за малку“ беше се’ што беше потребно. Поради тоа “за малку“, Хрватска доби извршна власт со профелација на многу тврда и ригидна десница. Ако блесавите десничари во Хрватска проникнат што тој блесав тип направи, треба да му подигнат споменик затоа што практично ги донесе на власт со тоа негово “за малку“. Па добро, каде сме тука ние во сето тоа? Следи објаснување.

Зоран Заев ја однесе Македонија во сфера во која ниеден политичар така бескомпромисно не го соголил едно владеење кое во крајна мера претставуваше класична тиранија према сопствениот народ. Таквиот гест да не’ се поддржи, покрај сите страдања и навреди, е рамно на самоубиство. Ако СДСМ не се поддржи, нам ни се спрема апокалиптично сценарио зачинето со уште поголеми психотропни супстанци на национализам кои ќе следат во следната 2017. година. Ќе се појават разни постмодерни Хитлери кои редовно јадат мали деца, под услов да се патриотски Македонци. Сакам да кажам, како и’ да се позиционира човек, ќе биде прегазен.

Токму во ваквиот момент Зоран Заев е вистинска личност вредна за поддршка од сиот политички спектар. Оттргнете се само за момент од класичната комуникација, оттргнете се за момент од Главните Теми, пратете ја нивната комуникација со водителите, новинарите, меѓусобните очни контакти, гести и гримаси и ќе го видите оној Судар на Светови. Заев е насмеан, понекогаш ироничен, дури и самоироничен, на прашања од публика додава микрофон, сака да слушне друго мислење од она што отворено не’ му оди во прилог. Заев зрачи со облост на човек кој е свесен за релативноста на работите во кои се крие помпезното патриотско урлање и уште посвесен дека Македонија во овој момент живее на шкрги од последицата на пореметениот режим, десетгодишно сеење на убиствени илузии. Затоа во преден план не е неговиот политички „дискурс“ колку што е неговото држење, насмевки; тој човек повеќе делува терапевски, се обидува тешкиот зависник да го спушти на земја, да го олади од големата груевистичка нарација (која се спрема да изедеше што повеќе човечки души) во реалниот живот. На таа ведрина, на таквата насмевка, Груевски едноставно нема – контранасмевка. И тука ништо друго не му помага.

Десет години подоцна, работата и понатаму е во насмевката, за почеток. И разликата е: духовна, политичка, човечка – во насмевката; не’ во изнудено кезење, не’ во шашаво урликање, туку во насмевката, во ведрината и леснотијата на слободниот дух. Ене го, Никола Груевски се труди, ама не му оди, насмевката не му личи, насмевка оди со каков-таков човечки шарм; Груевски, „патриотскиот мародер“, се мачи, се стега како некаква срамежлива снајка замотана во чоколадна бандерола, ама во јавната комуникација и соочување со конкурентот бега, се скрива, го издава џмурлестиот табиет, му трепери гласот, видно несреќен и потресен заради неброените неправди кои сите душмани му ги прават. Од друга страна, над сите нив, и на ним слични, лебди и-долу-и-горе таа насмевка, насмевка на Зоран Заев; тие нешто му дофрлаат на штурите патриотски портали, го укоруваат на бедните прес-конференции, а тој спокојно им вели: еве, слободно, ломотете, ајде, искажете го својот проклет и денунцијантски табиет. И тие се тепаат меѓу себе кој попрво ќе го исплука, омаловажи, наклевети, се со цел, како би кажале нешто Страшно Важно, ама разумен глас нема, а нема затоа што позади џмурливоста, злобата, позади зајадливата пропагандна баналност, се крие нездрава амбиција на едно големо и злобно патриотско ништо. И еве, тоа Патриотско Ништо овие денови цвика и галами низ Македонија, се’ прави само да докаже дека е живо, а всушност со секој пропаганден децибел се послабо се слуша, како удавени во перница од непосредната и срдечна насмевка на Зоран Заев.

 Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести