Ако некој политичар е млад тоа воопшто не значи дека не е расипан и корумпиран

И да ви кажам право преку јего ми е од флоскулата дека ни требаат “млади, нерасипани и некорумпирани политичари и кадри“.
Прво, ако е некој млад тоа воопшто не значи дека не е расипан и корумпиран.
Второ, и да не е расипан и корумпиран, многу повеќе верба имам во некој стар кој не е расипан и корумпиран отколку во некој млад, затоа што ова младиов можеби само немал шанси да се расипе и корумпира и штом ќе се фати за фотеља веднаш ќе засмрди од сите страни.
Трето, за политичар сакам некој кој има знаења и вештини и искуство, а не некој кој ќе се учи на мене (исто како што би сакала да ме оперира хирург со искуство, а не приправник).
Четврто, за да научиш некои работи мора да поминеш одредени ситуации, да преживееш одредени настани, да доживееш одредени случувања. Едноставно не е доволно за нив да читаш од книги или да гуглаш на интернет.
Петто, што би рекла една моја драга пријателка, доста ми е бре од ненаебани и ненашетани кои доаѓаат на раководни места и мислат дека функцијата е добивка на лото, а главна манифестација на власта е да свртиш неколку потчинети во кревет и да го частиш друштвото со државни пари и секако, да прошеташ до Кина, Јапан и слични места.
За политичари сакам да видам сериозни луѓе од средната генерација (јас сум веќе стара), со најмалку 2 грама мозок, кои имаат веќе искажан став – мислење и изградени принципи, кои имаат управувачко искуство, кои во политиката влегуваат затоа што имаат идеја како да управуваат со државниот апарат, и имаат елементарно знаење што е демократија и кои се принципите на едно демократско општетсво.

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести