Само што слушнавме во живо на вестите на Телма, од госпоѓата сеизмолог : Пари за сеизмолошката опсерваторија на ПМФ со години наназад има се помалку, има само 4 стручни соработници – сеизмолози, веб страницата не функционира оти има проблеми со хостингот….
По ваква изјава, која башка што е трагична, е и прилично храбра за нашите општествено-политички состојби, прва мисла на ум ми е да се плашам за работното место на оваа дама. Многу веројатно ќе следат телефонски повици, закани, пријателски совети дека „не е време за критика, туку за сплотување” и слични керефеки.
Петрит Сарачини – Фејсбук статус


