Ги изгледав снимките од отчетот на СЈО, Катица Јанева, во Собранието на РМ и засега имам да го кажам само следното – останав буквално со зината уста од распоредот на седење и форматот на сослушување! Кога ќе ми најдете ваков облик на парламентарен отчет, сослушување и дебата во кој сослушуваниот/сослушуваната функционер/функционерка и сл. физички не е одвоен/а, дистанциран/а и директно соочен/а со тие кои го/ја сослушуваат, туку пратениците кои го/ја сослушуваат му/и се изнаредени малтене заокружено, небаре се „во заседа“, и му/и дишат, зборат, довикуваат и церекаат од сите страни и ОД ЗАД ГРБ, слободно да ми јавите.
Ако најдете нешто малкуцка слично, за возврат, јас се обврзувам да се сликам како пијам вода од шише, по што пратеничката Рангелова ќе може само вода да ми носи (патем, ова го кажувам во солидарност со неа по повод дебилните коментари), ок?
Местото на СЈО не му е да седи во „истите клупи“ со пратениците, независно дали ќе станува да одговара од говорница, или од место!
И не, ова не е никаква ситница, форматите на парламентарни распореди на седење за дебати и сослушување не се смислени за џабе (како впрочем и тие по судниците), ги има неколку, проучете ги. Овој наш „суи генерис“ дебил-дебилосан парламентарен формат како што се тера сега пред очите на цела јавност за еден од најклучните правно-политички процеси во земјата овозможува и цели кон субверзија, дефокусирање, физичка и психичка агресија во подла и кукавичка форма, како и сеопшто асиметрична, крајно нерамноправна и почетно непријателска статика и динамика на парламентарниот процес на отчет и сослушување.
Јавно го замолувам пратеникот Влатко Ѓорчев кој заседава ПОД ИТНО да го смени форматот, а го советувам СЈО да не прифати продолжување на отчетот без промена на истиот! Ова е бре уште еден резил-резилосан за нашиот парламентарен дом!
(Статус на Фејсбук на Каролина Ристова Астеруд)


