НЕ СИ САМА, ИЗДРЖИ…!!!

Го слушам Мукоски, и ми се крева желудникот. Ми се крева дијафрагмата кога зад него го гледам, уффф, тешко ми е да му го напишам презимето, ама тој е, апашкиот идиот на ДПМНЕ, Ќорчев, тогаш почнува да ми се повраќа, добивам исконска сила која ниту еден експлозив на ИСИЛ не може да ја сопре и прекине, добивам космичка енергија на Криптон со која станувам Супермен, и би им врзал шамар на апашките к’рлежи, со кој би ги лансирал во бесконечноста на Космосот за да ја потврдам теоријата на Ајнштајн, дека македонската глупавост е бесконечната материја надвор од границите на Космосот…

Луѓе мои, пријатели мои нормални и слободомислечки, дајте да станеме ненормални само заради тоа што ние ќе знаеме да ја контролираме и усмеруваме ненормалноста. Луѓето кои 10 години ја поддржуваат бездушно, и на најпростачки начин, го пљачката македонскиот народ, луѓето кои припаѓаат на множеството дрчни полтрони кои за заштита на сопствениот г’з, ги жртвуваат и сопствените деца, бараат финансиски отчет од институцијата која треба да докаже и да покаже кој од нив колку има немилосрдно и бездушно опљачкано од џебовите на македонските граѓани, по хотели, по белосветски барови, по коцкарници и куплераи, сега, дрско и арогантно, апашите бараат да знаат каде Катица и нејзиниот тим ги потрошила парите на граѓаните. Замислете, ви се молам. Мукоски, таканаречен пратеник во Собранието на Република Македонија, каобожемски граѓански застапник, елементарниот егзамплар на ДПМНЕ-овската марионетска апашко подржувачка екипа во средниот партер од републичкото Собрание, кој, единствено за што му е дојдено до некаква грижа, е неговиот г’з, и ништо друго, бара отчет од дамата која тргна на пат да им ги отвори џебовите, паричниците, актенчантите, куферите, камионите, шлеперите, вагоните, контејнерите, танкерите и да им ги одземе и конфискува, и да ги врати таму каде што припаѓаат, и парите и откраднатите материлајни добра на македонските граѓани…

Катице Јанева, сега не зборувам во лично име, затоа што позади оваа парола стојат огромен број твои истомисленици, слободомислечки граѓани и правдољубци, граѓани од сите вери и националности, НЕ СИ САМА, ИЗДРЖИ…!!!

Фејсбук статус на Боки Бургија

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести