Ова е уште една „мелвилова“ потврда дека секоја крими-супкултура е се’ само не „бунтовничка“, напротив, дека секогаш следи покорно, конформистички и медиокритетски, ги репродуцира доминантните вредности на матрицата и општеството
Koга еднаш најголемиот Европски режисер на сите времиња, големиот Француз Жан-Пјер Мелвил – автор на фасцинантни, софистицирани криминалистички филмови – го прашале за изворите на неговата авторска инспирација, тоест, дали во „реалниот живот“ се среќава и дружи со криминалци кои можеби би можеле да му помогнат како модели за неговите ликови, Мелвил со гадење ја отфрлил таквата можност. Но, режисерот на „Самурајот“ тоа не го рекол – како што „на прва“ би се помислило – од некакви моралистички причини, туку презрено објаснува дека, за разлика од филмските, „вистинските“ криминалци се напросто досадни, празни, совршено неинтересни луѓе. Своевремено таквото Мелвилово промислување предизвикало лавина од коментари, за да во меѓувреме, таквата констатација влезе во неформален „канон“, онаа „нешколска“ ризница на општо знаење во современиот свет.
А, што, всушност, господинот Мелвил во основа „сакаше да каже“? За тоа да го разбереме, не е неопходно да отидеме во Франција, доволно е да констатираме од се’ она што знаеме за македонско-општествената крими сцена.
Груевистите, луѓе создадени од ниски социјални слоеви во Македонското политичко општество, кога велам „ниски“ социјални слоеви, не мислам нужно само на материјалните; тука се и културните и образовните. Тоа се луѓе со очајно знаење; тоа се луѓе со катастрофално образование – дури и до ниво на катастрофална писменост – лудачки „патриотски машини“ (како што со години ги опеваат квазиновинарските трубадури, тие првооделенски културно-ментални злосторници и морални нихилисти), локални гангстери и бараби од сите калибри, па така, во текот на груевистичката брука и срамота, таквите типови доживеаја перверзна гламуризација; периферни џукели и губитници дочекаа да станат автентични sвезди (па по мерка на денешното лудачко време), идеални role-модели на новокомпонираното мафиократско општество!
И таквите, јасно, одлично се вклопија во своите новосоздадени улоги, со својата „слава“ сведочат не за себе, туку за поодминатата девијантност на Македонското општество кое ги прогласило за свои Херои.
Да се вратиме на господинот Мелвил. Ако тргнеме по трагата на неговите зборови, а притоа „збогатени“ од искуствата со нашиот груевистички полусвет, доаѓаме до заклучок дека секој криминалец во се’, освен во својот илегален занает е тотален социјален конформиста, типичен пасивен „испрдок“ на своето опкружување во своето време и околности, безбоен everyman кој – јавно прашан за било што – папагалски ги повторува оние вредносно-светонадзорни општи места за кои (оправдано) верува дека доминираат во општеството во кое живее. Оттука, сите расни криминалци за кои некогаш сте слушнале, сите во ист калап се „фамилијарни луѓе“, „примерни татковци и сопрузи“, „големи патриоти“, „искрени верници“, „патријахални и конзервативни домаќини“ кои може малку се брливи и темпераментни, ама имаат исконско чувство за правда, родољубие и богољубие, а над се’, никако не поднесуваат разни девијации: наркомани, педери, секташи, предавници…
Оттаму груевизмот има патолошка омраза према Југословенството и играат на картата „Уа Запад“ и „Уа Југославија“. Затоа секогаш и покорно се опседнати со тајни служби, онаа „корисна работа“ која ќе одработува за денешната Македонска УДБА, колку бре да се знае чие срце „на лева страна“ татни (парадоксално, како што беше случајот во времето на една друга епоха), и дека на Груевизмот, а во корист на „патриотската Револуција“ може да и’ се служи и од другата страна на медаљата.
Овде, на ова место, во таквиот „означувач“, повторно испливува Мелвил со објаснувањето на онаа „досада“ и „тривијалност“. Тие луѓе, имено, се бандити, „табула раса“, глина за обликување и тесто за месење. Тоа, меѓутоа, само по себе не е ништо спорно – но сепак да повториме: тие луѓе во својата срж се бандити, а не филозофи! Не се тие воопшто виновни што ете, така, сосема случајно дојде некое време па и’ нив некој ги прашува за „мислење“.
Но, ако криминалците како личности се досадни, тоа не значи дека позади нивните зборови нема да „терцира“ портретот на општеството. Сета оваа „мелвинистичка“ согледба има за повод да каже збор-два за последната недела, хистеричните прес-конференции на Илија Димовски и роуд-лутањата низ разни Америки на Никола Груевски. Голема иритација ми предизвикува Илија Димовски, тој опскурен човек задолжен за Центарот на комуникации на ДПМНЕ, тој што преку прес-конференција ќе ја полни испразнетата Македонија така што ќе кажува на кому му личи, а кому не му личи да го слави 11-ти октомври. Ни ја фрла историјата во сурат, ја бои и ретушира, додека пак, од друга страна, во мафијашкото Скопје, град кој има свои мафијашки ведети кои рушат се’ пред себе, го менуваат „личниот опис“ на градот, а со тоа ја менуваат цела Македонија создавајќи ја според сопствена мера. На таквото беснило, сосема идилично се надоврзува Груевски, човек кој себе се смета за интелектуалец, учен економист, човек што земјава ја отера во друштво со Бурунди и слични парадржави, испљачкаа или испраа милијарди евра наши пари, човек кој ја создаде парадржавната полиција УДБА, па бидејќи Димовски и Груевски се стари другари кои исти песни пеат, мафијашкиот „ветеран“ станува со години дежурен „стручњак за медиуми“ кој ќе терцира онака како „газдата кажува“. Сигурно се прашувате зошто Илија Димовски верува како Никола Груевски е невин, како што тој, Никола Груевски верува во тоа што Илија Димовски е нивин? Работата е во тоа што тие се Македонци, а Македонци не можат да им мислат лошо на Македонците. Ниту во нивно име можат да убиваат, пљачкаат, или пак да не’ осакатуваат систематски и трајно.
Ако се прашувате каква врска има се’ ова со добриот, стар Жан Пјер Мелвил и неговата луцидна опаска, може веднаш да престанете да се прашувате. Илија Домовски – според сопственото тврдење смета дека е интелектуалец, за што Никола Груевски длабоко верува во тоа, што совршено влегува во сржта на социјалниот конформизам на 90-тите и конституирањето на националните држави (кај нас 90-тите перманентно траат!), така што Илија Димовски удира право во она болно место, во онаа критична точка во која готово сите – а нарочито слаткоречиви и кукавички груевистички политичари, лицемерни и безбожни попови како и „патриотските интелектуалци“, помно избегнуваат: „оправдувајќи“ го својот пријател, тој не вели дека овој не е во состојба да убие – тој само мисли дека овој не би можел или не би сакал да „убие Македонец“. Со други зборови, 11-ти октомври доби мутантен продолжеток низ зборовите на Илија Димовски, или appendx кој во ревизионистичка смисла гласи: „11-ти октомври е наш празник; 11-ти октомври е нашиот суверенитет“. Ако ова ви звучи ужасно, не го обвинувајте Илија Д. за тоа. Тој само изјавува нешто што за нив е социјално прифатливо, тој само проценува дека таквата реторика е социјално прифатлива, истиктивно „прдење“ за кое проценува дека ќе најде одек или одиум во јавноста, на тоа ќе се налепат сите оние кои ги поддржуваат „традиционалните вредности на македонците“, она сива маса која пасивно трпи или активно поддржува секакво зло које се присобрало во овие краеви и убаво расцветало.
Ова е уште една „мелвилова“ потврда дека секоја крими-субкултура е се’ само не „бунтовничка“, напротив, дека секогаш следи покорно, конформистички и медиокритетски, ги репродуцира доминантните вредности на матрицата и општеството (не е воопшто случајно дека скоро сите криминалци почнуваат како „дечки од нашите сокаци“ кои својата кариера ја почнуваат така што ќе претепуваат „панкери“ или „дрогираши“ и така се претставуваат како самоовластени чувари на Патријахалните вредности). Дури имаме и бивш премиер кој беше боксер, човеку божји! Каква е таа нација која „лудува“ по боксери?!
Всушност центрите на општествената моќ (политичка, полициска, војна, економска, медиумска…) своевремено извршија нејзина „ревизија“, главните опскуранти на таквата поставеност се Илија Д. и Никола Г., подземјето, вклучително и претседателот на државата, само ја следат таквата поставеност, го следат трендот, весело „раководејќи“ ја својата „дозвола за убиство“. Стариот добар Мелвил со сигурност би бил задоволен од ваквиот преврат. Дури верувам дека би ме честел пијачка во Barriere Le Fouquet’s!
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


