Полека малку, смирете се!

Оние кои со задоцнување од ден-два го критикуваат министерот Оливер Спасовски во врска со истрагата на СЈО во УДБК и бараат од него да заврши „некои работи“ треба да знаат дека тој „ден пред тоа“ ја завршил домашната задача и затоа вчера и завчера беше смирен и сталожен… Човекот си ја врши неговата работа перфектно, а тоа што го врши и завршува, извинете ама не смее да се експонира во јавноста „пошто није за шире пучанство“. А, што мислите зошто би имале потреба толку многу кучињата да лаат и чавките да гракаат ако „министерот легнал да спие без напишана домашна“? Толку имам да кажам (и ова е многу), а вие „опозиционери“ олабавете малку и припазете да не си ги поткасате јазичињата и да не ви се скршат перата. Многу сте сте ги наостриле пред време и без потреба. Не е моментот да се правите паметни на социјалните мрежи и да „мудрувате“.

Фејсбук статус на Мирко Видоески

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести