Македонија ти била земја порозија, со дупки како швајцарското сирење. Без врати и капиџици. Мека за белосветски криминалци и странски разузнавачки мешетари. Некој вид Казбланка од минатите времиња. И додека ние со пиетет ја пееме химната ,,Кој во тебе ќе влезе Македонијо, жив нема да излезе,, таа господа, зедно со македонските кртови, ни кроеле капа. Ни ја исцртувале судбинската мапа. Странска шпионска бараберија, какво божјо чудо, ни ги бирала премиерите и министрите, ги востоличувала, а потоа заедно со тие домашни монструми ги изведувале најподлите криминални операции – распродажба на националните златни кокошки.
Читам еден пост, како исповед: ,,Јас се уште не можам да се соземам,,. Неколку збора што откриваат стаписаност, вознемиреност, изненаденост. А колкав беше бројот на таквите, кои оваа, веќе измината ноќ, тешко можеа за сон да затворат очи, после сите оние мали и големи бомби што од екранот, со нему својствената смиреност, одмереност и прецизност, ги исфрли Слободан Богоевски, некогашниот прв разузнавач. Не трештија неговите искажувања. ја доразмаа задреманата совест. Ги дораздува маглите зад кои се појави вистинското лице на македонската пеколна хаотичност.
Човекот не зборуваше за слабости на режим, како што ние го поимаме. Туку за окупација на државава од злосторничко здружение. Од истокрвен клан, на патолошки структурирани типови, со мафијашки предзнак. Џелатска банда од дегенерици ни ја сурнисувала државава. Од ова полошо е само колективен катаклизмичен погром.
Фејсбук статус на Бошко Нацевски


