Што ќе одбери фамилијата дали долгата рака на ВМРО или жолтото комбе

Континуирано години наназад зборувам дека во Македонија нема политичка криза, во Македонија има КРИМИНАЛНА КРИЗА!

Клучна беше пораката која до 30 мин се повтори два пати а беше јасно упатена до криминалната фамилиија која ја има окупирано ДПМНЕ и Македонија.
Тоа е всушност изборот пред кој се поставени мафијашиве:
Или ќе им пресуди ВМРО, или онаа препорачаната варијанта а таа е да им пресуди народот, на легални избори.
Изборот е нивни!

Уште еднаш топла препорака да го изгледате ова антологиско интервју на Слободан Богоевски, кое на сосема јасен, недвосмислен начин ја потврдува криминалноста на кризата во Македонија.

Комплетно демистифицирање на режимот и на фамилијарниот клан после која секоја поддршка за нив, секој глас за нив е поддршка за криминалот и соучество во злостроство против сопствениот народ и држава.

А што ќе одбери фамилијата дали долгата рака на ВМРО или жолтото комбе, останува да видиме!

Фејсбук статус на Благојче Котески

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести