Ременски: Јас знам како се печали занаетчиски, работнички леб, како се создава со голи раце и шнајдерски игла

Еве јавно да им одговорам на оние што ми пишуваат за моето буржоаско потекло и родители кое се занимавале со криминал …
Јас знам како се печали занаетчиски, работнички леб! Како се гради и создава со чесен труд, голи раце и шнајдерска игла! Како се дава максимумот во учењето и студирањето да се оправда родителската доверба и издвоеното парче леб од устата на родителите! Знам како е да трчаш 12 круга повеќе од просечните за да покажеш дека можеш и знаеш! Растев во чесно, градско семејство со достоинство и кога има и кога нема! Семејство кое создаваше култура со распеаните паланчани и ги учеше младите на работа, почит кон постарите и чесност!
Затоа ги разбирам сите кои имале па немале, оние кои не гледаат во туѓо и оние кои не посакуваат ништо туѓо, оние кои веруваат во правдата и наградата за трудољубивоста … Најмногу ги разбирам стечајците и оние кои после години чесен труд заминаа дома како технолошки вишок! Моите родители “буржуи” станаа пензионери со минимален додаток до пензија …, но останаа чесни, без злоба и омраза кон никого, бидејќи знаеја дека пропаста на секој бизнис доаѓа од алчноста на врвот !
Среќна сум што ги имам и што ме научија на вредностите за кои вреди да се борам и што ми ја пренесоа скромноста која е примарна одлика на големите луѓе !
Доаѓа времето на чесните и вредните луѓе!
Имајте верба!

Фејсбук статус на Фросина Ременски

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести