Шест години од апсењето на Велија Рамковски

На 24 декември 2010-та година, во вечерните часови од просториите на неговата А1 Телевизија, насилно беше приведен сопственикот Велија Рамковски, а потоа следеше голема рација и апсење на негови блиски роднини и безмалку сите поранешни и актуелни управители на многубројните фирми регистрирани на „Перо Наков“.

Велија, нималку дискретно и како „главна ѕвезда“ беше внесен од предната врата на судот. Зад него следеа и неговата постара ќерка Емел, неговиот брат и уште дваесетина други.

– Диктатурата на дело! Ова е демократијата на Груевски – со раце високо кренати во воздух, за да се видат „лисиците“, силно извика Велија Рамковски во моментите додека полицијата го спроведуваше во кривичниот суд.

Само еден ден по притворањето на Рамковски, по барање на УЈП, со судски налог беа блокирани сметките на А1 Телевизија, Време, печатницата „Мисирков“ и останатите фирми на „Перо Наков“.

– Оваа судска пресуда нема врска со вистинската борба против криминал и корупција. Груевски најбрутално се обидува да испрати заканувачка порака до сите политички неистомисленици – изјави за „Утрински весник“ професорката Ана Павловска Данева.

Да потсетиме дека се почна во ноември 2010 година, кога голем број даночни инспектори и полицајци упаднаа во просториите на телевизијата.

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести