Филип Петровски, директор на Државниот архив, попладневно преку видео снимено во неговата службена канцеларија суптилно им се закани со убиство на уредниците на порталите Мактел мк. и Доказ мк., Саше Ивановски и Марјан Стаменковски, пишува Плусинфо.
Петревски револтиран од написи на овие портали во кој се наведува дека бил уапсен при упадот на СЈО во Државниот архив и одземањето на доказен материјал преку видеото го демантира пишувањето на порталите.
Петровски на 10.10 минути(пред крајот од видеото) чита од книга на Арховот објавена деновиве текст на виенски весник за убиство во Софија на пекар кој пред 100 години го убиле активисти на ВМРО, барем така тој коментира во видеото, поради тоа што му дал леб без пари на шоферот на градоначалникот на Софија.
Петрески потоа на суптилен начин преку повик за десороизација на државата, повикува на справување со порталите , кои како што вели се финансирани од Сорос и диригирани од опозицијата, а кои ја рушат унитарноста на државата.
Петревски видеото го објави на својот фејсбук профил.
Повеќе на Плусинфо


