Пластичниот експлозив е поефтин од тебе, робу еден режимски

Сега ќе ти кажам црни Владо Јовановски колку чини пластичен експлозив на црниот пазар.
Чини помалку од лечењето на Тамара.
Помалку од животот на Мартин Нешковски.
Помалку од растурените животи на нивните блиски.
Помалку од билетите во еден правец на иселените млади од Македонија
Помалку од инсулинот за дијабетичарите кој го нема.
Помалку од цената на цитостатиците и другите лекови за тешките болни.
Помалку од гипс-картон преродбата на Скопје.
Помалку од милијардите од тендери во џебовите на Мијалков и Груевски.
Помалку од твоите хонорари што ги земаш за твојата сервилност кон Груевски.
Уствари, пластичниот експлозив е поефтин и од тебе, робу еден режимски.
Резилу на професијата што ја работиш.
Ама ако, добро е што ви паднаа маските и сите видоа каква згура сте.
И уште нешто, не постојат добри глумци со ситна и продадена душа, којшто сака нека збори. Нема такви.

Фејсбук статус на Сашо Тасевски

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести