Пред малку на Сител можевме да видиме пример за уплашен човек кој на еден несигурен начин ја користи и последната макијавелистичка досетка преточена во лаги и инсинуации кои имаат за цел да ја заматат вистината и да ја продлабочат кризата!
Не му беше малку што 11 години ја тормозеше Македонија, а граѓаните ги истошти на секој можен начин, сега бара токму тие кои долго ги манипулираше, повторно преку манипулација, да застанат во негова одбрана од неминовниот правен процес и соодветна судска пресуда.
Свесен дека целата македонска јавност од „бомбите“ слушна како лично Груевски преговара за промена на името, без трошка срам повторно ја лиферува лагата дека целта на СДСМ била токму тоа, промена на името. Човек просто да не верува.
И демек, според Груевски, СДСМ не прифатилa промена на знамето, грбот, химната и сл, знаејќи дека нема дво-третинско мнозинство, ама прифатилa промена на име…Лага до лага, заедно со филмовите за федерализации и кантонизации.
Очигледно, коренот на лошото интервју е фактот што СДСМ успеа да постигне договор со кој Уставот не се менува, државните симболи не се менуваат, се зачувува унитарноста на државата и се обезбедува изградбата на едно општество за сите граѓани во Република Македонија. Фактот што СДСМ ќе биде идна власт!
Јасна е злата намера почитувани граѓани. Под пластот на наводна заложба за одбрана на државата, Груевски и криминалната клика околу него ќе се обидат да си обезбедат граѓански штит за одговорноста која им следи.
Да не дозволиме ниту ние, ниту било кој наш познаник да западне во замката на мафијата!
Нив, ниту им било ниту ќе им биде гајле за државата и граѓаните. Повеќе не им е гајле ниту за неминовната конфискација на незаконски стекнатиот имотот и украдените пари, туку само и единствено за личната слобода која според позитивните законски прописи, неминовно ќе ја изгубат.
Оттаму, чудно е тоа што денес Груевски доброволно се пријави за нешто што и онака со закон му следува – казната затвор.
И да, Фројдовската мисла е веќе доминатна кај екс премиерот:
Новинарката прашува: Како ВМРО-ДПМНЕ ќе делува во наредниот период?
Груевски гордо одговара: Тоа е прашање за милион долари!
Да почитувани, тоа се многу одговори по милион долари украдени од граѓаните на Македонија, кои после формирањето на новата Влада ќе бидат вратени назад!
Фејсбук статус на Александар Кирацовски


