(ФОТО) Модерен контролен центар за безбедност на автопатот Демир Капија – Смоквица

Покрај софистицираната опрема со камера за видео надзор и безбедност, достапни ќе бидат и противпожарна и шлеп служба. Во Контролниот центар се ангажирани 17 лица, односно по четворица советници за контрола на сообраќајот и ЕСКАДА контролори, како и осум техничари. Следењето на сообраќајот преку Контролниот центар во иднина ќе се прошири на целиот потег од Велес до Гевгелија. Ова е прв Контролен центар на автопатите во Македонија. Ваков Центар ќе има и кај Петровец за контрола и управување на сообраќајот од Табановце до Велес, а планирано е да се изгради и на автопатот Кичево – Охрид. Сите контролни центри ќе бидат интегрирани во заеднички Контролен пункт лоциран кај Петровец. smokvica_kontrola1k Контролниот центар на новата автопатска делница беше изграден по анексот на договорот за изградба за автопатот во октомври лани, со кој беа опфатени и градежните зафати за дислоцирање на далновод на МЕПСО. Центарот и далноводот беа клучните причини за продолжувањето на активностите на терен. Со пуштањето во употреба на автопатската делница од Демир Капија до Смоквица во должина од 28,2 километри се заокружува со целосно автоапатското решение – Коридорот 10 низ територија на Македонија. Инвестицијата изнесува 270 милиони евара. demir_smokvica На пуштањето на автопатот ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон. Извор: МИА]]>

Најчитани вести