Деспотовски: Голем интерес за средства од Планот за економски развој

Претседателот на Комората на Северозападна Македонија Неби Хоџа, кој денеска заедно со Депостовски присуствуваше на инфо-сесија за овој јавен повик со членовите на оваа комора истакна дека целта е пред членството да се презентираат практичните аспекти за аплицирање за финансиска поддршка за инвестициите . – Интересот е голем, обемен и се надеваме дека нашите членови ќе имаат добра можност интерактивно да дискутираат и да видиме како подобро да се добијат тие средства, рече Хоџа. Со повикот, кој ќе биде отворен до 11 јуни, се повикуваат претпријатијата да ја искористат можноста за кофинансирање од страна на Владата што ќе се доделуваат преку Фондот за иновации и технолошки развој за една од четирите мерки. Првата мерка е за брзорастечки компании и „газели“ на кои им се нудат по 10 милиони денари, односно 30 отсто од вкупно вложените средства за набавка на нова опрема и финансирање на развој на нова технологија, а се однесува на компании со до 250 вработени и минимални годишни приходи од три милиони денари. Втората мерка се однесува за микро компании до пет вработени и годишен приход од три милиони денари на кои им се нудат до пет милиони или 30 отсто за набавка на технологии и изградба на хали. Третата се однесува за компании со доминантна сопственост на македонски граѓани на кои им се нудат до 20 милиони денари или 70 отсто од вкупниот износ на инвестирани средства за инвестициски развој и маркетинг, а четвртата е за поддршка на млади лица до 29 години за усовршување во странство за што државата им нуди до еден милион денари. Извор: МИА]]>

Најчитани вести