Голем број колеги ја забележаа таа ироничност на историскиот момент, таа циничност и дури гротескост, во која висок претставник на Злото му се обраќа на големиот човек на мирот, солидарноста и правдата, и практично бесрамно го осудува за статусот на земјата што ја претставува, но јас успеав да забележам и еден друг момент кој на целата слика и даде друг тон: пред папата Франциск беа претставени две Македонии, едната трагична, жална, самоуништена, приватизирана, опљачкана, наполу убиена, на еден идиотски и форсиран, смислен, самоубиствен, начин македоницентрична во сета своја мултиетничност, изолирана и испокарана со целиот свет, држава и нација кои уживаат и го негуваат статусот на жртви, Македонија на заминување, и една нова Македонија која се ослободува од себе, се пресоздава на нови основи, смело чекори напред, прави продуктивни компромиси, станува отворена кон надвор и правична и праведна кон внатре, земја на рамноправни луѓе и етнички и верски заедници, интегрирана во Европа, држава со политики кои веројатно ќе го однесат домаќинот на папата в затвор како израз на правото и правдата пред кои и Свети Петар и неговиот наследник, нема да можат да стават ниту најмала забелешка, зашто во тој чин ќе биде содржана и божја правда. Земја што со неверојатни напори и жртви се обидуваат да ја рехабилитираат и реингегрираат премиерот Заев, новиот претседател Пендаровски, министерот Димитров и другите посветени членови на владата и на власта заедно со убедливото мнозинство граѓани кои и во овие тешки моменти покажаа дека се на страната на модерноста, солидарноста, правдата и на Европа. Фејсбук статус на Бранко Тричковски]]>


