24 Инфо. Според извори од истрагата, убиството се случило околу 22.30 часот. Жената (31) настрадала во тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив. Едниот заминал и се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои. При тоа во гужвата налетала на ножот и загинала на самото место. По убиството интервенирала полицијата и ги привела братучедите. Од МВР го потврдија убиството. Според полицијата, две лица се приведени. ]]>


