Јанакиевски од „Еко клуб“ се крсти во Орбан и во Груевски

Сашо Јанакиевски наместо икона во канцеларија има фотографија од Виктор Орбан. Во него се крстел кога станувал директор на Унгарските трговски куќи во Скопје. Криминален проект на унгарскиот премиер со проневерени народни пари. Тоа што проектот на Орбан со трговските куќи, инаку отворени низ целиот Балкан, почна уште одамна да смрди на криминал. Исто како криминалот на Јанакиевски со отпадот.

Покрај фотографијата на Орбан, при јавните настапи не е забележано дали Јанакиевски има фотографија и од Груевски, но едно е сигурно – дека и во него се крстел кога екс- премиерот започнал да му помага во изградбата на бизнис империјата со отпадот.

По принципот „дај што ќе дадеш“ Јанакиевски не избирал со што ќе се занимава, важно било да има пари, и за него, и за неговите кои му помагале во ширењето на заразата (бизнисот). Па затоа се впуштал во секакви авантури со секаков вид отпад. И така, од 2012-та година, кога веќе стана јасно дека ВМРО ДПМНЕ се неприкосновени во режимско владеење и во местење избори, и кога беше тешко да се поверува дека некогаш ќе паднат затоа што го имаа корумпирано целиот систем, Јанакиевски испливува на површина како нивен главен управувач со отпад. Започнува да се занимава и со медицинскиот отпад, каде што имало големи приноси со пари. Од година во година, ВМРО ДПМНЕ се засилува, а парелелно се шири и бизнисот на Јанакиевски. Започнува да добива наместени тендери низ цела држава, а некои медиуми веќе изброија дека му изнесуваат над 20 милиони евра. Во тие години сигурно и никогаш не му дошла инспекција да го провери како работи и како загадува животна средина, но и го загрозува здравјето на луѓето. Оти нели, никој не смееше да припари онаму каде што Груевски имал интерес. А тој имал интерес секаде каде што се појавува Орбан во приказната. Така оваа нераскинлива тројка си се богатела на сметка на здравјето на луѓето кој знае колку години.

Уште полесно му било на Јанакиевски за директор во Дрисла да го има Горан Ангелов, проверен вмровец, и да му крева рампа на секој камион без разлика што во комунален товарел медицински отпад. Кој тоа порано смеел да го провери? Никој. Освен Груевски ако сакал. Јанакиевски за неколку години под покровителство на ВМРО ДПМНЕ се запоседнал во многу институции, болници, општини. Но, ова со медицинскиот отпад, ако се реши како што треба да се реши, тогаш ќе мора малку да поседи и во затвор.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести