Поддршка за лицата кои привремено работат во земјоделскиот сектор во земјите на EУ, а сакаат да инвестират во земјоделството

Поддршка за лицата кои привремено работат во земјоделскиот сектор во земјите на Европската Унија, а сакаат да инвестираат во домашното земјоделско производство, е една од мерките во новата програма за земјоделство на Коалицијата „МОЖЕМЕ“.

За време на кризата со КОВИД – 19 голем дел од нашите иселеници кои привремено работат во земјоделскиот сектор во земјите на Европската Унија беа принудени да се вратат во државата. Ова претставува можност тие да станат повратници, да инвестираат во македонското земјоделство и да ги користат стекнатите знаења и вештини од земјоделски развиените земји.

Овие новини ќе претставуваат значителен придонес во осовременувањето на македонскиот земјоделски сектор, а нивната одлука за враќање ќе ја стимулираме со финансиска поддршка и други мерки.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести