„МОЖЕМЕ“: Ќе поддржиме финансиска помош во висина од 50% од инвестицијата за инсталирање на системите за заштита од доцни пролетни мразеви

За развојно земјоделство, намалување на трошоците на производство, подобра конкурентност, квалитетни и безбедни земјоделски производи знаеме дека треба да се аплицираат најдобрите практики на развиените агроекономски системи, за што посебен фокус ставаме на поддршка на системот на ИНОВАЦИИ во ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО.

Затоа во изборна програма за земјоделство на Коалицијата „МОЖЕМЕ“ ги планираме следните мерки:

– Инвестирање во инсталација на сончеви панели за производство на електрична енергија за користење во наводнување на земјоделските површини Користење на обновливи извори на енергија и намалување на инвестициите за наводнување на земјоделските површини.

-Инвестирање во поттикнување на квалитетно домашно производство на семе и саден материјал и развивање потенцијал за квалитетно растително производство. Производството на семе и саден материјал ќе го задоволиме во најголем дел од сопствените потреби и ќе создадеме основа за развој на наши македонски сорти квалитетен семенски материјал.

-Иновативни инвестиции во справување со климатските промени Инвестирање во адаптација на производството кон климатски промени. Затоа ќе поддржиме финансиска помош во висина од 50% од инвестицијата за инсталирање на системите за заштита од доцни пролетни мразеви, противградобијни мрежи и современи системи за наводнување на насадите и посевите.

– Инвестирање во воведување на систем за мониторинг и прогноза на здравје на растенијата. Ќе поддржиме инсталирање на дигитални станици во секој поголем производен регион за следење на условите за појава на болести и штетници на земјоделските култури.

-Инвестирање во примена на електронски систем за следење на дрвната маса. Електронско следење на дрвната маса, од ознака на стебло за сеча, преку сите фази на производство и превоз до крајниот потрошувач. Оваа обврска ќе ја имаат сите субјекти за стопанисување со државни шуми, како и и сите правни лица регистрирани за промет на дрво.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести