Сите пратенички групи неофицијално се известени дека продолжение на седницата би можело да се одржи денеска напладне
За денеска напладне е закажана собраниската конститутивна седница, на која досегашниот прв човек на Собранието, Талат Џафери, треба да биде резизбран на функцијата, дознава „360 степени“. Но се уште нема потврда дали ова значи дека се надминати недоразбирањата во ДУИ кои беа причина вчера да се одржи ваква седница.
Како што веќе беше објавено, причина е незадоволството во редовите на ДУИ во однос на кадровските решенија на Ахмети за составот на новата Влада. Неофицијално, скопските ограноци на ДУИ од Чаир и Сарај негодувале за кандидирањето на Артан Груби за вицепремиер и Бујар Османи за министер за надворешни работи.
Извор: 360 степени
]]>


