ОЈО поднесе обвинение за Антонијо Милошоски и 12 други лица во „Моќник“

Oсновното јавно обвинителство-Скопје денеска поднесе обвинение за случајот „Моќник“, пишува 360 степени.

Обвинети се сите 13 лица што беа опфатени во истрагата, меѓу кои и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Против три лица, меѓу кои и Милошоски, е поднесен обвинителен акти, а против десет е поднесен обвинителен предлог.

Пратеникот е третоосомничен и се товари за делата измама и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Прво и второобвинет, за измама, се пак, таткото на Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод. Останатите десетмина опфатени со обвинителниот предлог се претседателот на поранешната Комисија за лустрација, Томе Аџиев, и деветте членови. Тие се обвинети за злоупотреба на службената положба.

Предметот се однесува на продажна на имот (зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3 920 квадратни метри) во село Ижишта кој бил во сопственост на Општина Македонски Брод, а го користела Општина Пласница.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести