Искрено драги пријатели, би било смешно да не е трагично. Но, ова се сериозни работи…
Слободата на изразување и слободниот пристап до медиуми кои додека тие беа на власт ги загушија максимално, не смее да се злоупотребуваат сега кога ги имаме во целост! Па така, за овие клевети и грозни лаги, овој господин ќе добие соодветна реакција и тужба за клевета.
Погледнете го видеото и сами… Дури и на човекот што ја добил задачата да ги чита овие небулозни лаги му е незгодно и му е тешко да ги изговори истите. А како да не му е, кога му наредиле да чита дека се “проневерени МИЛИЈАРДА евра во изборен поткуп”!?
Ништо ново од кујната на фејк-њуз партијата. Што поголема лагата, толку поголеми шансите да ја изнесат во јавност.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски
]]>


