Пендаровски ги испрати одлуките за прогласување вонредна состојба до Собранието за потврдување

Претседателот Стево Пендаровски, согласно со Уставот, денеска ги испрати петте одлуки со коишто беше прогласена вонредна состојба во државата во услови на пандемија на вирусот Корона, за потврдување од страна на Собранието.

Одлуките, како што е наведено во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски, беа донесени во периодот од март до јуни оваа година на предлог на Владата и во ситуација на распуштено Собрание, без можност да одржи седница на која самото би можело да одлучува за потребата од вонредна состојба во услови на пандемија.


Последната, петта, вонредна состојба беше прогласена на 15 јуни по постигнатиот договор меѓу лидерите на владејачката СДСМ Зоран Заев и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за терминот за изборно соочување. Таа траеше до 22 јуни по што следеа и предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Нејзе ѝ претходеа 4 одлуки за вонредна состојба, две од траење од 30 дена и две од по траење од 14 дена.

Првата вонредна состојба беше прогласена на 18 март и беше со траење од 30 дена. Втората вонредна состојба беше прогласена веднаш по завршувањето на првата, на 16 април, и траеше 30 дена. Третата и четвртата вонредна состојба беа со траење од 14 дена, а беа прогласени на 15 мај и 30 мај.
Претседателот Педаровски, почнувајќи од 18 март досега донесе пет одлуки за прогласување вонредна сотојба.
Вонредната состојба воведена од претседателот Пендаровски заради пандемијата со Ковид 19 траеше вкупно 96 дена.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести