„Почитувани рудари, вашата макотрпна и благородна работа за сите нас е мотив да работиме уште повеќе напорно и посветено во ваш интерес, во интерес на сите граѓани. СДСМ во изминатите три години покажа што значи вистинска грижа за рударите и рударството како значајна индустриска гранка во нашата економија“, рече Заев и додаде дека во време на владеење на СДСМ е намалена старосната граница за пензионирање и исправена долгогодишна неправда.

„Денес,со законските измени, рударите во пенизја заминуваат на околу 50 годишна возраст, наместо на 58 години возраст како претходно. Тоа е фер пристап кој оддава достојно признание, но и дава шанси за младите во оваа важна професија.
Како одговорна партија предводник на новата Влада подготвени сме и мотивирани во следните четири години, да работиме уште повеќе за да биде уште подобро и за рударите и за сите граѓани на нашата татковина“, истакна Заев.


