Новата канцеларија на првиот вицепремиер Груби

Првиот заменик премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во септември веднаш штом стапи на функцијата прв вицепремиер, се всели во кабинетот на генералниот секретар на Владата како најблизок до оној на премиерот.

Денеска на својот Фејсбук профил објави фотографија и од канцеларијата во Министерството за политички систем и односи на заедниците на чие чело е исто така тој.

Во новиот објект кој се наоѓа до МНР и Македонскиот народен театар и е дел од проектот „Скопје 2014“ ќе се сместат и Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 процент од граѓаните, потоа Државниот инспекторат за примена на јазиците, Албанскиот национален ансамбл, како и повеќе Дирекции за афирмација на заедниците.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести