Ешли Бабит (35) беше меѓу толпата што проби во американскиот Капитол во средата. Од страна на американската полиција во Капитол е идентификувана како една од петте лица кои починале среде хаосот.

Ветеранка на Военото воздухопловство на САД, Бабит отслужи два турнуса во Авганистан и Ирак, за подоцна да биде распоредена во Националната гарда во Кувајт и Катар, изјави нејзиниот поранешен сопруг, Тимоти Мекинти.
Еден ден пред да загине, Ешли Бабит на социјалните мрежи напиша за претстојниот собир на приврзаниците на Трамп во главниот град на САД.
-Ништо нема да не спречи – напиша таа.
-Тие можат да се обидуваат и да се обидуваат, но бурата е тука и ќе удри на ДЦ за помалку од 24 часа.

Полицијата изјави дека вработен во Капитол испукал со службеното оружје, погодувајќи возрасна жена „додека демонстрантите се приближуваа кон местото каде членовите на Конгресот се засолнуваа“.
Членовите на семејството велат дека Ешли, по напуштањето на војската после 14 години, се чувствувала слободна да се изрази на социјалните мрежи, каде што честопати беснееше против имигрантите, демократите и безбедносните мерки за коронавирусот.
Уште четири лица загинаа за време на немирите во средата.
Полицискиот службеник Брајан Сикник почина доцна во четвртокот откако се здоби со повреди додека „физички се спротивстави на демонстранти“, се вели во соопштението на полицијата од Капитол
Подоцна колабирал во канцеларијата на неговиот оддел и бил пренесен во болница.

Останатите тројца патуваа во Вашингтон на демонстрациите и се верува дека починале во одделни „медицински случаи“ на теренот на Капитол.
50-годишниот Бенџамин Филипс, компјутерски програмер, се организираше со група Пенсилванци да патуваат заедно во Вашингтон. Вечерта пред протестот, тој беше домаќин на некои приврзаници во неговиот стан.
Филипс, отвори веб страница за поддржувачите на Трамп.
Еден член на групата се обидел да му се јави на Филипс кога требало да заминат, но еден полицаец го собрал и му рекол дека Филипс починал.
Исто така, на настанот беше и 55-годишниот Кевин Грисон од Алабама. Неговото семејство изјави дека доживеал срцев удар додека бил во Вашингтон.
Верен поддржувач на Трамп, тој, наводно, бил активен на Парлер, само-стилизирана страница на социјалните мрежи „слободен говор“ популарна кај конзервативците.
Семејството на Грисон рече дека тој „не бил таму за да учествува во насилство или немири, ниту, пак ги прифати ваквите постапки“.

Полицијата ја потврди и смртта на Розана Бојленд (34) од Џорџија. Во изјавата на нејзиниот зет се вели дека семејството сè уште се обидува да ги открие деталите за нејзината смрт.
“Додека гледавме како се одвиваат овие страшни настани, се надевавме дека Розана не е меѓу толпата. За несреќа таа беше таму и тоа ја чинеше живот”, рече тој.
“Верувам дека зборовите на претседателот Трамп поттикнаа бунт што уби синоќа четворица од неговите најголеми обожаватели” изјави Кејв за локалната станица.
]]>


