Ориѓански: Еве зошто се преселив во Тирана…

Многумина ме прашуваат зошто се преселив во Тирана, па еве да одговорам. Дојдов во неколкугодишна дипломатска мисија, назначен и испратен од нашата влада, на функцијата директор на македонскиот културно информативен центар во Албанија, што допрва треба да се создаде, направи и отвори. Оној момент кога ќе стасам до точка тој центар да биде отворен, тогаш, боже здравје, сум си ветил сам на себе дека ќе засадам една палма во Тирана, како знак за моја голема љубов кон овој град, луѓе и земја, како симбол за пријателството меѓу македонскиот и албанскиот народ. Тогаш се ќе раскажам, како беше и што беше, чија беше идјеата и кои луѓе вложија огромен напор тоа да се направи.

Верувам, ќе содадам нешто ново и модерно, место што ќе биде интересно за луѓето во Тирана.

Извор: Фејсбук статус на Златко Ориѓански

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести