Полицијата вечерва трага по Сашо Мијалков. Екс директорот на УБК го бараат за да му достават наредба за куќен притвор издадена од Судот. Неофицијално наредбата доаѓа за да се обезбеди присуство на Мијалков за пресудата за случајот „Таргет Тврдина“ закажана за 26 февруари, во кој тој е осомничен, јавува ТВ 21.
Сашо Мијалков го нема во неговиот дом, а пред неговата зграда на Водно, „врие“ од полиција. Тука се и екипи на Единицата за брзо распоредување.
Видео на следниот линк
]]>


