Лицето на Mијалков се појави покрај најбараните криминалци од МВР: Судот потврди и за меѓународна потрага

Кривичниот суд потврди дека претпладнево добил барање од МВР за распишување меѓународна потерница за Сашо Мијалков и веднаш го одобрил.

„Заради интерес на медиумите во однос меѓунардоната потерница за обвинетиот С.М., ја информираме јавноста дека од страна на надлежното Министерство за внатрешни работи до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, предпладнево е поднесено барање за согласност од судот за распишување меѓународна потерница за обвинетиот на кој во текот на вчерашниот ден му беше определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор по негово пронаоѓање односно лишување од слобода.

Кривичниот совет веднаш по приемот на барањето има донесено решениe за согласност за распишување меѓународан потерница од страна на МВР и истото е доставено до барателот“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

МВР веќе распиша нацинална потрага по Мијалков.

„Мијалков Сашо, од татко Јордан , мајка Милка, роден на 15.09.1965 во Скопје, со живеалиште на ул.Народен Фронт бр.5-31 во Скопје,  се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Скопје 1 КОК – КР бр.56/21, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 , кривично дело “Злосторничко здружување “ од член 394 и кривично дело “Примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ.“, пишува во националната потрага распишана од страна на МВР.

]]>

Најчитани вести