Oбвинителството „дало“ два дена да избега Мијалков, тврди адвокатот Давидовиќ

Адвокатот Звонко Давидовиќ  во емисијата „Топ тема“ вечерва истакна дека за бегството на Сашо Мијалков најмногу вина има Обвинителството кое уште во петокот не побарало заштитни мерки.

Тој истакна дека моментот кога обвинителството ги побарало ваквите мерки е момент и кога Мијалков последен пат е виден.

Тој рече дека за помали предмети се барало ефективен притвор, а сега не го побарале и не им било првпат на обвинителите ова да не го сторат кога се работи за високи функционери.

Давидовиќ исто така истакна дека полицијата нема право да ограничува ничии слободи без судска наредба или некаков закон.

Во овој случај, кога полицијата ја добиле наредбата, тие веднаш се упатиле да го бараат Мијалков, но не го нашле.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести