Тв24: Жестоки кавги во влада, Заев барал или да се најде Мијалков или ќе има оставки

Според информации кои ги пренесе ТВ24, утринава премиерот Заев повикал на средба двајца министри, неколку директори на агенции, први лица во обвинителствата и судовите.

На средбата, премиерот барал детални информации за чекорите кои институциите ги преземале пред и за време на бегството, како и за можните пропусти во постапките. Според наши извори во кабинетот, на средбата имало јасни и високи тонови, додека институциите покажувале со прст една на друга. Заев бил видно лут, па дури и се заканил дека доколку не се пронајде Мијалков, ќе има итни разрешувања, а од останатите јавно ќе побара одговорност.

Дополнето: Владата ја потврди средбата

– Премиерот Зоран Заев изутринава имал работен состанок со првите одговорни лица на институциите, кои имаат надлежност во врска со бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Заев, како што посочуваат од Владата, состанокот го свикал со цел директно и лично да се информира за сите аспекти на случувањата изминатите денови, за истрагата и за чекорите кои институциите ги преземаат.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести