По петочната молитвата во џамија, започнаа протестите поради пресудата во „Монструм“.
Демонстрантите се собраа во Чаир, под мотото „Правда и слобода“ и продолжуваат по патот кон Судот, а потоа и кон Владата.
На протестот се придружија и членовите на семејството на Алмир Али, малото момче од Куманово, за чиј случај во понеделникот во Куманово протестираа и побараа повторно судење, обештетување и ослободување на тројца членови на семејството на Алмир.
На лице место е присутно и големо полициско обезбедување.
]]>


