Полицијата ги запре демонстрантите кои протестираат против пресудата во „Монструм“ пред Мавровка.
Во знак на револт, демонстрантите фрлаа предмети и шишиња кон припадниците на МВР, кои во огромен број се присутни на рутата по која ќе се движат демонстрантите. Демонстрантите бараат да им биде дозволено да продолжат со маршот.
Протестите ги најавија роднините на првостепено осудените кои се жалат дека осудените се невини и осудени без докази.
Демонстрантите маршираат со мото „Правда и слобода“. Организаторите имаат определено и свои лица, облечени во бели маици со натпис „Протест за правда“, кои смирируваат и спречуваат да дојде до ескалација и судир со полицијата.
Во живо на следниот линк.
]]>


